Трамп: Подготвен сум да воведам санкции кон Русија

 


Претседателот на САД, Доналд Трамп, посочи дека е расположен да наметне ограничувања кон Русија, но Европа треба да постапи на начин кој е усогласен со Соединетите Американски Држави.

“Европа купува нафта од Русија. Не сакам тие да купуваат нафта”, им изјави Трамп на медиумите синоќа. “А санкциите што ги воведуваат не се доволно силни.”

“Јас сум подготвен да воведам санкции, но тие ќе мора да ги зајакнат своите санкции за да бидат соодветни на моите”, додаде американскиот претседател.

15.09.2025 - 10:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега