Трамп открива што разговарал со Си: Не ги споменавме Украина и Русија
Кинескиот претседател Си Џинпинг разговараше по телефон со американскиот претседател Доналд Трамп, во услови на затегнати билатерални односи околу трговските спорови. Разговорот се одржа на барање на Трамп, објави кинеската новинска агенција Синхуа.
Трамп објави статус на својот профил на социјалните мрежи Truth Social во кој вели дека главната тема на разговорот била трговијата.
„Разговорот заврши многу позитивно за двете земји“
„Тукушто завршив многу добар телефонски разговор со претседателот Си од Кина, за време на кој разговаравме за некои детали од нашиот неодамна договорен и потпишан трговски договор. Разговорот траеше околу час и половина и заврши многу позитивно за двете земји.Веќе не треба да има никакви прашања поврзани со сложената ситуација околу ретките минерални производи. Нашите тимови наскоро ќе се сретнат на локација што сè уште не е утврдена. Соединетите Американски Држави ќе бидат претставени од секретарот за финансии Скот Бесент, секретарот за трговија Хауард Лутник и претставникот за трговија на САД, амбасадорот Џејмисон Грир.
За време на разговорот, претседателот Си љубезно нè покани мене и првата дама да ја посетиме Кина, а јас ја вратив поканата. Како претседатели на две големи нации, двајцата со нетрпение го очекуваме тој состанок. Разговорот беше речиси целосно фокусиран на ТРГОВИЈАТА.
Немаше разговор за Русија и Украина, ниту за Иран. Навремено ќе ги информираме медиумите за датумот и локацијата на претстојниот состанок. Ви благодарам за вашето внимание“, му напиша тој на Трамп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа