Трамп: Илон многу ме разочара, а му помагав
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека е изненаден од острите критики на Илон Маск за големиот закон за даноци и буџет на неговата администрација, познат како „големиот, прекрасен закон“. На заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Белата куќа, Трамп рече дека „секогаш му се допаѓа Маск“, но дека „не знае дали сè уште се во добри односи“.
„Многу сум разочаран затоа што Илон ги знаеше деталите за овој закон подобро од кој било друг овде. Многу сум разочаран од него, многу му помогнав“, рече Трамп, додавајќи дека Маск сè уште не кажал ништо лошо за него лично, но „сигурен сум дека тоа е следно“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа