Трагедија го потресе регионот: Убиено 19-годишно момче, друго се бори за живот
Младо момче А.М. (19) од Бујановац беше избоден до смрт во масовна тепачка што се случила синоќа кога се судриле две групи во Бујановац
Тој им подлегнал на повредите во Универзитетската болница во Ниш, потврди Вишото јавно обвинителство во Врање, кое ја води истрагата.
Според првичните и неофицијални информации кои ги пренесуваат тамошните медиуми уште еден млад човек е тешко повреден во масовната тепачка и неговата состојба е критична.
- Во овој момент, можеме да потврдиме дека дежурниот јавен обвинител во Јавното обвинителство во Врање бил пријавен дека на 6 август 2025 година, во Бујановац се случила физичка пресметка меѓу неколку лица, во која едно лице, А.М. (роден во 2006 година) претрпел сериозни, животозагрозувачки повреди во форма на убодни рани во градите, како резултат на кои починал во Клиничкиот центар во Ниш - се наведува во одговорот на обвинителството, потпишан од главната јавна обвинителка Данијела Трајковиќ.
Обвинителството вели дека Здравствениот дом во Врање сè уште им пружа медицинска помош на другите учесници во настанот.
- Полицијата извршила форензички преглед на местото на настанот и работи на утврдување на околностите на настанот и идентификување на сторителот на кривичното дело убиство и евентуално други кривични дела против животот и телото поради повредите утврдени кај другите учесници - наведува Јавното обвинителство на Врање.
По завршувањето на постапката, откривањето на сторителот и собирањето докази, Јавното обвинителство ќе издаде јавно соопштение.
Жителите на Бујановац неофицијално дознаваат дека убиството е епилог на конфликт меѓу две семејства.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа