Тошковски: Пиротехниката ја донеле ДНК - Во "Пулс" имало 500 лица
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во дискотеката во Кочани.
Увидот уште се врши, рече Тошковски, а 45 лица се во критична состојба и се транспортираат во странство.
Приведени се пет лица на територијата на СВР Скопје и СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер, како и 11 лица на подрачјето на СВР Штип кои се во краткотраен притвор од 48 часа.
Според министерот Тошковски, пиротехничките средства кои беа причина за пожарот, ги донел бендот ДНК.
- Концертот било одржан на диво, без писмен договор со изведувачите, истакна Тошковски.
Во диското имало 500 лица на продадени 250 билети.
Вчера бил извршен разговор со градоначалникот на Кочани и ако се утврди дека сторил нешто незаконско, ќе сноси одговорност.
-Македонија нема систем со правила на игра кои би превенирале ваков ужасен настан. Имаме системски слабости кои оневозможуваат контрола. Констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на тоа ниво што можеме да кажеме дека има катастрофална состојба на постапување на институциите, потенцира Тошковски.
Министерот најави дека и денеска ќе бидат приведени голем број лица од различни институции, меѓу кои и МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа