Топлотен бран и нестабилност до недела: Македонија под закана од локални невремиња и град

 


Под влијание на влажна и топла воздушна маса од југ до недела (08.06) времето ќе биде многу топло.

Денес и утре во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.

Изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи ќе има и во сабота.

Од понеделник времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Во Скопје, денес попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Утре во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Надлежните со препорака: во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

05.06.2025 - 11:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега