Томовски: Владата продолжува да издвојува средства онолку колку што е потребно за настраданите лица од Кочани

 


Во вчерашното гостување во централниот Дневник на МРТ1, гостуваше директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски. Во врска со трагедијата во Кочани тој истакна дека Владата првично издвоила сума од 30 милиони денари почетна сума за да излезе во пресрет на лицата кои се придружба на лицата кои се лекуваат надвор од нашите граници.

„Првично она што го направивме како Влада издвоивме 30 милиони денари почетна сума која треба да излезе во пресрет на лицата кои се придружба на лицата кои се лекуваат надвор од нашите граници. Она што го направивме, најнапред ги исконтактиравме сите лица, им организиравме транспорт, сместување непосредно во близина на болниците и постојано останавме во непосреден контакт со лицата за да не бидат понатака изложени на никакви додатни трошоци. До овој момент потрошени се некаде околу 25-26 милиони денари и тоа не е последната сума неколку пати сме спомнале дека ќе издвојуваме онолку средства колку што е потребно овие лица да добијат соодветни услови и да не бидат изложени на додатни трошоци“, вели Томовски.

Томовски продолжи и додаде дека покрај помошта од државата, помош има и од Црвениот крст.

„Покрај ова што го помогнавме како држава директно на овие лица тука стои и Црвениот крст односно заедно до него застанавме и ние и преку донираните средства на Црвениот крст беа уплатени кон лицата кои беа повредени во овој несакан настан“, кажа Томовски.

Томовски потенцираше дека има постојани и секојдневни јавувања за помош на настраданите од Кочани.

„Има постојани и секојдневни јавувања колку што може и како се може во начин на брзина се одговара на тие нивни барања. Има барања за онаа соодветна облека што ќе им се обезбедува, има барања за ослободување од партиципација која е во крајна фаза и во завршна фаза. Едно од барањата беше токму одморалиштето Пониква да биде оспособено за потребите на овие лица, веќе првата група од саботата е сместена таму“, заклучи Томовски.

24.06.2025 - 11:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега