Тетовчанка остана без 20.000 евра - ги дала на лажен доктор за операција на ќерката

 


Вчера во 21:00 часот во СВР Тетово, 76-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка била прегазена на пешачки премин и дека е потребно да плати за да биде оперирана. Како што е пријавено, ги зела парите и со нејзиниот сопруг отишла на договореното место во Скопје, каде што ги предала парите на женско лице.

Откако се вратиле во домот во Тетово, ќерката била таму, по што сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

08.08.2025 - 13:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега