Тетовчанец пронајден мртов на нива: Паднало дрво врз него додека сечел дрва
Вчера во 12:05 часот во СВР Тетово е пријавено дека во близина на с.Подбреѓе, тетовско, е пронајдено тело на починато машко лице.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а полициски службеници излегоа на местото и констатирано е дека се работи за М.С.(84) од Тетово, кој сечел дрва во неговата нива, при што дрво паднало врз него и од здобиените повреди починал.
Во присуство на јавен обвинител и судска медицина, увид изврши увидна екипа од СВР Тетово.
14.09.2025 - 15:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа