Тетовчанец преноќи во полициска станица
Ноќеска во 02.40 часот на ул.,,Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за бездност на патниот сообраќај при СВР Тетово го лишиле од слобода Д.С.(49) од с.Брвеница, тетовско.
При преземање мерки по претходно случена сообраќајна незгода на улицата, во која учествувал Д.С. со своето возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, со дрегер било утврдено дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили алкохол во крвта.
Д.С. бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа