Тешко повреден скопјанец, го удрило кола додека излегувал од автомобилот кој претходно го паркирал
Вчера околу 20:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки удрило во Х.Ј.(36) од Скопје, кој излегувал од патничко возило „тојота“ кое претходно го паркирал, а возачот со возилото го напуштил местото на настанот, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Х.Ј., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.
04.09.2025 - 22:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа