Тешко повреден мотоциклист откако излетал од патот кај Стража

Вчера во 12.55 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на мaгистралниот пат Кичево-Гостивар, кај превој Стража, мотоцикл „кавасаки“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од С.В.(43) од Скопје, излетал од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

08.07.2024 - 12:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега