Повторно трагична несреќа во Македонија - еден загинат

Еден загинат во тешка сообраќајна несреќа која утрово се случила на патот Струмица - Валандово. 

Порталот „Скопје1“ објави дека во несреќата учествувале патничко моторно возило и трактор.

„На излез од село Костурино, струмичко се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и трактор, во која животот го загубило едно лице“, велат од МВР за „Скопје1“.

Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

По несреќата речиси два часа патниот правец беше целосно затворен.

05.10.2024 - 11:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега