Престрелка во Чаир, едно лице е повредено

Најмалку еден повреден во престрелка во скопски Чаир.

Како што објави Телма, престрелката се случила на крстосницата меѓу „Џон Кенеди“ и „Цветан Димов“ во близина на супермаркетот Веро.

Повредениот не е во животозагрозувачка состојба, а пренесен е во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

На местото на инцидентот се присутни бројни полициски екипи.

05.10.2024 - 22:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега