Тешко повреден малолетник по сообраќајка со џип во Скопје
Вчера околу 18.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Петар Ичко“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „џип чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.Е.(20) од Скопје и електричен тротинет, управуван од малолетник од с.Страхојадица, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
30.04.2025 - 13:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа