Неготинка пријавила физички напад од скопјанец со кого била во врска
Неготинка пријавила во полиција дека била физички нападната од скопјанец со кого била во врска, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера попладне во 16:30 часот, во Полициската станица - Неготино, 32-годишна неготинчанка, пријавила дека, во нејзиниот дом пред два дена била физички нападната од Б.Д. од Скопје, со кого била во интимна врска. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР - Велес.
Синоќа во 19:50 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР, привеле 44 - годишник од градот, затоа што агресивно се однесувал кон нив додека извршувале службени задачи. По документирање на настанот, против него ќе била поднесена соодветна пријава.
- Синоќа во 21:45 часот во село Криволак, неготинско, полициски службеници од ОВР - Неготино, лишија од слобода 46 - годишник од селото, по претходна пријава од 40-годишна мајка, дека физички го нападнал нејзиниот малолетен син. Пријавениот бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР - Велес.
Оттаму соопштија дека рано утрово во 2:10 часот, во село Војшанци, неготинско, полициски службеници од ОВР - Неготино, привеле 21 - годишник од Неготино, затоа што агресивно се однесувал кон нив додека извршувале службени задачи. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе била поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа