Тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Ресен- Битола, загина едно лице
Попладнево на регионалниот пат Битола–Ресен, кај месноста Макази, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина 52-годишен битолчанец. Според првичните информации, има и други лица со повреди, објави порталот „Скопје1“.
Судирот се случил меѓу две патнички возила – едното со странски, а другото со охридски регистерски ознаки. Ударот бил толку силен што едно од возилата целосно изгорело.
Полицијата и истражните органи вршат увид на местото на несреќата. Сообраќајот на овој дел од патот е во прекин од 13:20 часот и ќе остане затворен сè додека трае истрагата.
18.08.2025 - 16:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа