Температури под нулата - Ова се најстудените места утрово во Македонија

 

Во рок од неколку дена се сменија 4 годишни времиња. Студ и магла наутро, потоа сонце, а од денеска не очекуваат дожд и поретки грмежи.

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -2 степени.  -1 било во Битола, 0 во Струмица и Крива Паланка.

Температури над нулата се измерени во Прилеп, 1 степен, Попова Шапка исто така 1 степен.  2 во Штип, 3 во Скопје-Петровец, Кавадарци, Виница, Лазарополе и Куманово, 4 во Тетово, 5 во Велес, Маврови Анови и Крушево, 6 во Скопје-Зајчев Рид, 7 во Охрид и Претор, 8 во Демир Капија, Гевгелија и Дебар.

Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 34 санитиметри на Попова Шапка и 23 во Маврови Анови.

Од денеска подгответе се за дожд во Македонија.

29.01.2025 - 08:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега