Таравари за Алиу: Се купува молк и предавство на волјата на албанските граѓани

 

Арбен Таравари со соопштение се огласи по повод последните именувања на функционери во Владата, после неговата оставка како министер за здравство. 

Според Таравари, ценариото за Алиу за министер за здравство било најавено, и според него е  „лична функција која купува молк и предавство на волјата на албанските граѓани“.

- „Нашите информации за ноќни зделки, уцени и трансфери на интереси се покажаа како целосно точни. Во брзање, на последната седница на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, поранешниот пратеник Салим Сулејмани беше именуван за специјален пратеник во Саудиска Арабија – и тоа не како амбасадор со полн мандат, како што тој и неговите поддржувачи очекуваа. Ова е директно понижување, кое само ја потврдува природата на ниската политичка зделка, во замена за предавањето на пратеничкиот мандат. Уште еден сценарио што ние го најавивме станува реалност: Азир Алиу се именува за министер за здравство – уште една лична функција што купува молк и предавство на волјата на албанските граѓани, вели тој.

Додава дека групата на Арбен Фетаи е владино орудие, заведено од привилегии и фотелји, кое има само една мисија: да ја уништи Алијансата за Албанците и да ги предаде интересите на албанскиот народ, но дека времето ги разоткрива сите.

Таравари вели ние – Алијансата за Албанците – стоиме со албанскиот граѓанин, кој ја напушта оваа каста без легитимитет и без народна поддршка.

28.05.2025 - 09:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега