Таравари со добри вести: Денес се враќаат 5 пациенти од странство
Вкупно 23 пациенти се лекуваат во државава, а над 20 пациенти се веќе на домашно лекување. Ова денеска го соопшти министерот на здравство Арбен Таравари.
Во Клинички центар се само 4 пациенти, 2 на Пластична хирургија и 2 на Токсикологија, во старата Градска болница 6 пациенти, 9 во „8-ми Септември“ од кои еден е за испис и 4 во Систина.
- Сите пациенти се во стабилна и добра состојба. Од пациентите кои се лекуваат надвор од државата имаме добри вести дека денес се 113. Вчера еден пациент е вратен од Србија и една пациентка од Бугарија. Уште една добра вест е што денес се враќаат 5 пациенти, 4 од Шпанија и еден од Грција. Ќе бидат сместени првите 24 часа како што е предвидено по протокол во клиниките каде сметаме дека треба да бидат под надзор. Ако треба да се пуштат дома ќе бидат пуштени, ако треба да продолжат со лекување ќе останат на клиниките, рече Таравари.
- Трендот на пациенти кои се подготвени да се враќаат се повеќе ќе се зголемува. Се надевам дека до крајот на неделата ќе имаме уште 7-8 пациенти. Повеќето пациенти се со изгореници, нема други повреди, барем од добиените информации. Четворица пациенти продолжуваат да се во критична состојба, но засега стабилна. Засега планираме пациентите кои доаѓаат да ги прифатиме на клиниките во Скопје. Потешките пациентите, на кои им треба подолг период на рехабилитација можеби ќе бидат и надвор од држвата на рехабилитација. И тука планираме во внатрешноста да направиме некој Центар за пациентите на кои ќе им треба подолга рехабилитација. Во моментов сеуште немаме определно Центар, но размислуваме за две три можни опции, вели тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа