Таравари: Алијанса за Албанците ќе оди со посебни советнички листи на локалните избори
Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, денеска изјави дека партијата цврсто стои зад одлуката да настапи со свои, одделни советнички листи на претстојните локални избори. Според него, оваа одлука е конечна, но додаде дека партијата останува подготвена за дијалог и соработка со сите политички чинители околу другите аспекти од изборниот процес.
Одговарајќи на новинарски прашања, Таравари рече дека има редовна комуникација со премиерот и дека откако тој ќе се врати од службеното патување, ќе разговараат.
– Штом ќе се врати премиерот од пат, ќе се видиме и ќе разговараме, инаку имаме редовна комуникација. Тоа што го кажал господинот Николоски, сите ги слушам, меѓутоа ние сме автономна партија, одлучуваме сами. Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата и од тоа нема враќање назад. За сето друго, сме подготвени и отворени да разговараме со сите во однос на локалните избори, рече Таравари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа