„Судот по вторпат ја уби Фросина“ – семејството повика на нов протест утре

 


Сестрата на загинатата Фросина, Росица Кулакова, во објава на социјалните мрежи го изрази незадоволството од пресудата на Кривичен и ја нарече триумф на праксата на неказнивост и плукање врз болката на семејството.

„Нема да молчиме и од нашата болка правиме повик за промена. Излезете со нас на протест за да нема други мајки што ќе го носат товарот на неказнивост, за да нема повеќе откорнати невини животи. За да има правда за Фросина и за правда за сите! За сите кои утре може да завршат под тркалата на некој монструм. За сите што оваа држава ги предаде! Се гледаме утре во 17 часот пред Универзална сала – на местото каде што на монструозен начин ѝ беше одземен животот на Фросина, по што ќе се упатиме кон Судот кој денес, по втор пат ја уби“пишува сестрата на Фросина во објава на социјалните мрежи.

Семејството смета дека пресудата на Кривичен не ја задоволува правдата и дека покажува оти судската пракса на неказнивост станала правило

„Во оваа фарса убијците добиваат милост, а невините жртви завршуваат во правни архиви. Кои се тие олеснителни околности? Дека не побегнал? Дека вршител врз мртвото тело на сестра ми за последиците кои нејзината смрт ќе ги има на неговиот мизерен живот? Дека е ‘спортист’? Дека е жив? А Фросина? Фросина немаше ни една олеснителна околност. Фросина сега има само гроб. Овој суд не донесе правда. Донесе јасна порака: во оваа земја, убиството се исплаќа. Срам да ви е!“додава Росица Кулакова во објавата на Фејсбук.

Основниот кривичен суд Скопје денеска му ја изрече казна затвор од 12 години на Васил Јованов за прегазувањето на младата Фросина Кулакова во сообраќајката што на крајот на јануари годинава се случи во Скопје.

13.05.2025 - 14:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега