Судбината на актерката растажува: Го погребала сопствениот син, човекот на нејзиниот живот направил дете со друга
Роми Шнајдер е едно од најпознатите филмски имиња. Таа е родена во 1938 година во Виена, а својот прв филм го снимила кога имала само 15 години.
Важела за една од најубавите актерки, но нејзиниот живот бил многу бурен и трагичен.
Роми во текот на кариерата остварила бројни улоги, но нејзиниот приватен живот привлекувал поголемо внимание кај тогашните медиуми. Нејзината бурна врска со 3 години постариот Ален Делон ја интригирала јавноста, иако актерката често патела поради тој однос.
Нивните чести кавги кулминирале кога Шнајдер дознала дека Делон имал афера со пејачката и актерка Нико, која му родила син. Поради тоа, Роми започнала често да пие алкохол, порок кој ќе ја следи до крајот на животот.
По разделбата со Делон, актерката стапила во брак со германскиот филмски и театарски актер Хари Мејен кој поради неа се развел од сопругата со која бил 13 години. Набрзо станале родители на синот Давид Кристофер кој на актерката, како што велеле нејзините пријатели и познаници, ѝ станал центар на светот.
Сепак, никој не можел да ја предвиди трагедијата која ќе ја доведе Роми до работ. Нивниот син Давид трагично настрадал на само 15 години, а по тој настан Шнајдер не успеала да ги совлада црните мисли.
Имено, Давид еден ден ги заборавил клучевите, па одлучил да се прекачи преку старомодната шилеста ограда. При прекачувањето, се лизнал, а еден од шилците му ја пробил феморалната артерија. Паднал преку оградата, па обилно крварејќи ползел до влезната врата кога го слушнал неговиот татко. Лекарите со часови се бореле за неговиот живот, но не успеале да го спасат.
Роми тешко ја поднела загубата на синот, па наредните години ја потопувала тагата во алкохол. Починала на само 43 години како последица од срцев удар, а медиумите тогаш известувале дека починала буквално од скршено срце, што и воопшто не е чудно по трагедијата која ја доживеала...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа