Стратешки договор со Унгарија: Николоски и Сијарто најавија нова ера на соработка и инфраструктурни проекти

 


Нашите односи со пријателите продолжуваме да ги градиме на уште повисоко ниво. Посветено работиме на реформските процеси, државата ја упатуваме во вистински правец на просперитет, а процесите се силно подржани од нашите партнери Владата на Унгарија, истакна вицепремиерот Алекандар Николоски утрово на средбата со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

Сијарто е во работна посета на Македонија, кој во име на Владата на Унгарија денеска ќе го потпише Договорот за стратешка соработка меѓу Владите на Македонија и Унгарија.

Поздравувајќи го потпишувањето на овој стратешки документ, вицепремиерот Николоски истакна дека соработката меѓу двете земји се издигнува на повиско ниво и истиот ќе донесе многу придобивки за Македонија преку реализација на нови инфраструктурни проекти.

Во контекст на Договорот, а во насока на развојните политики на државата, вицепремиерот Николоски го потенцира планот за економски развој на земјата, посебено истакнувајќи го развојот и модернизацијата на транспортните коридори.

На средбата, двајцата министри го потврдија партнерството засновано на силни политички односи и развиена економска соработка значајна за двете држави.

“Овој стратешки договор со Унгарија е многу значаен во време на огромни политички и економски предизвици за Македонија. Партнерството носи само бенефит а соработката со Унгарија никогаш не била на повисоко ниво.Договорот дополнително ќе ни донесе нови проекти во инфраструктурата и верувам дека оваа соработка што ја имаме со Унгарија ќе ја продлабочуваме во периодот што следи” – истакна по средбата вицепремиерот Николоски.

13.06.2025 - 10:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега