Страшна несреќа на крстосница во Скопје: Велосипедист тешко повреден по судир со автомобил
Вчера во 07:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„134“ и ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната Б.Д. и велосипед, управуван од К.А.(76), двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
02.09.2025 - 16:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа