Стојаноски: За една година ја стабилизиравме економијата
Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата 24 анализа на телевизија 24. Тој се осврна на темата за економијата во земјава и заклучи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за една година власт успеа да ја стабилизира економијата и да постави основи за раст Стојаноски ја оцени изминатата година како предизвикувачка, но успешна, со економски раст и рекордни странски инвестиции.
„Година во којашто успеавме да ја стабилизираме економијата којашто до тогаш беше во слободен пад. Кога ја преземавме власта кажавме дека ќе почнеме да ја практицираме практично во три фази“, кажа Стојаноски и дополни:
„Првата фаза беше да го сопреме слободниот пад за којшто и претходната влада доби таков резултат на изборите. Втората беше оној период на стабилизација за којшто сметам дека сме блиску, тоа е некаде на позитивната нула за да овој момент натака почнеме веќе да ја градиме платформата на тоа коешто треба да се нарекува наша визија и перцепција за тоа како ние ја замислуваме оваа држава“.
Стојаноски се осврна на економскиот раст во првиот квартал, според точни податоци од Еуростат и потенцираше дека не станува збор за волумен туку раст на економијата, а посочи и дека во 2024 година странските инвестиции изнесуваа една милијарда и 255 милиони евра, што по глава на жител ја прави земјата најдобра во регионот според тој параметар.
„Јас би го повикал истражувачкото новинарство, опозиција, една буква од говорот на Мицкоски да ја докажат дека е лажна или дека не е вистина, практично за тие параметри коишто ги кажавте не се зборуваше за волумен на економијата туку од аспект на раст на економијата во првиот квартал што е и вистина. По Еуростат тоа да го проверите“, рече Стојаноски.
Стојаноски смета дека трендот на економска стабилизација продолжи и во првиот квартал, а тоа го потврдува и ДЗС и изминатата година ја оцени како предизвикувачка, но сепак успешна во однос на напорите за стабилизирање на економијата.
„Нешто коешто сметам дека го продолживме во првиот квартал, тоа го докажа и ДЗС. Оваа година би ја оценил како предизвикувачка но успешна во овој момент да ја стабилизираме економијата“, вели Стојаноски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа