Станковиќ: Буџетот за 2025 носи историска поддршка за земјоделството

 


Новиот државен буџет за 2025 година ќе ни донесе енергија и напредок во сите сектори на општеството, но особено за столбот на нашата економија – земјоделството, изјави Малиша Станковиќ, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со гордост можам да кажам дека земјоделството ќе добие историска поддршка. За првпат, буџетот за земјоделство се зголемува за цели 13 отсто, а издвоените средства за програмата за земјоделство и рурален развој се зголемени за неверојатни 284 проценти! Дополнително, капиталните инвестиции се зголемуваат за 102 отсто“, изјави Станковиќ.

Како што додаде, ова е цврст доказ за посветеноста и партнерството на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со земјоделецот.

18.11.2024 - 11:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега