Средба на раководствата на полициите од Скопје и Сараево

 

Раководството на СВР Скопје предводено од началникот Сашо Топаловски вчера оствари работна средба со делегација од Министерството за внатрешни работи на Босна и Херцеговина предводена од министерот за кантон Сараево, Адмир Катица.  

На средбата, како што информира денеска МВР, беше разговарано за безбедносните предизвици и ризици, како и за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат Скопје и Сараево како главни градови.

На средбата, како што се наведува, беше договорена и понатамошна соработка во делот на размена на информации, стратегии и идеи кои ќе значат поголема мобилност и професионалност на полициските службеници.

На средбата од страна на двете делегации беше потенцирана и соработката во иднина помеѓу полициите на двата града. 

04.06.2025 - 10:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега