„Спајс Грлс“ повторно се враќаат на музичката сцена?

 

Музичката група „Спајс Грлс“ (анг. Spice Girls) повторно се соединува, барем тоа го потенцираше една од девојките од групата, Меланија „Мел Би“ Браун додека гостуваше во шоуто на „Би-Би-Си“.

Музичката ѕвезда Мелани, во своето гостување најави заедничка турнеја на групата „Спајс Грлс“ во 2023 година, која воедно би претставувала и нивно повторно обединување.

„Ние бевме во преговори и претходната година, но тогаш се случи Ковид-19, па така се растурија плановите на сите. Девојките „ќе ме убијат“ бидејќи ќе го кажам ова но, ние се надеваме, посебно јас, бидејќи сум водечката сила, и ќе се потрудам да стане реалност – да организираме турнеја во 2023 година“ – потенцираше музичката ѕвезда Мел Би.

 Инаку, овој бенд светската популарност ја стекнува во 1996 година со хитот „Wannabe“ со кој владееја со светската сцена. Во 1998 година една членка ги напушта, а останатите четири се разишле во 2001 година. Викторија Бекам, Мелани Браун, Ема Бантон, Мелани Чизом и Џери Халивел се имињата кои ја градеа својата музичка кариера во оваа музичка група. Тие и денес остануваат најуспешен женски бенд во историја.

Девојките од оваа музичка група славеа 25-годишнина од нивната најпозната песна „Wannabe“, изминатиот јули.

12.09.2021 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега