Сообраќајот по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла на патот Шипковица - Гајре и на превојот Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
ЈП Македонијапат во пладневниот извештај информира дека поради појава на магла има намалена видливост до 100 метри на патниот правец Шипковица - Гајре и на планинскиот превој Стража.
Укажува дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони и апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и приспособување на брзината кон условите на патот.
16.02.2025 - 12:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа