Сообраќајка со четири возила во близина на Кичево: Мотоциклист итно пренесен во болница

 


Вчера во 13:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар - Кичево, во близина на влез за село Тајмиште, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(45) од село Љубојно, ресенско, товарно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, управуванo од В.Ј.(38) од с.Раковец, општина Боговиње, патничко возило „опел“ со германски национални ознаки, управувано од Љ.С.(40) од село Пршовце, општина Теарце и патничко возило „фолксваген артеон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(39) од с.Црешево, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Б., констатирани во Медицински центар Кичево, соопштија од полицијата. 


 

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево. 

04.08.2025 - 14:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега