Снег и студ ја зафаќаат Македонија - УХМР со детална прогноза до крајот на неделата

 


Преку ноќта и утре поради продор на постудена воздушна маса ќе има појава на

слаб снег, а до среда ќе се задржи северниот ветер кој повторно ќе засилува, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. 

Утре максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10 степени, а минималната од -5 до 2 степена.

Според прогнозата на УХМР,  во среда и четврток краткотрајно ќе биде стабилно, а во петок и на почетокот на викендот понекаде ќе има појава на слаб дожд, на планините понекаде ќе провејува снег. Утринските температури до крајот на работната недела ќе бидат во опаѓање. 

03.02.2025 - 12:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега