Смрзнувачка во Македонија - Измерени -14 степени

 

Утрово е најстудено во Берово, -14 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 32 сантиметра.

До 8:30 часот се измеренеи и -13 степени на Попова Шапка и во Маврови Анови, -12 во Крушево и Крива Паланка, -10 во Скопје-Петровец, Претор, Прилеп, Штип и Куманово, -9 во Велес, Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Демир Капија, -8 вп Струмица, Виница, Претор и Кавадарци, -6 во Охрид, како и -4 степени во Гевгелија.

Висината на снежната покривка е 8 сантиметри во Маврови Анови и еден сантиметар во Крушево.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со слаб ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде од 0 до 9 степени. Во Скопје сончево со слаб северозападен ветер и максималната температура до 7 степени. 

20.02.2025 - 08:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега