Следната недела повторно продолжен викенд
Следниот петок е 21 јуни Духовден, а тоа значи уште еден споен викенд за граѓаните од православна вероисповест.
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:
За сите граѓани на РСМ
02 август (петок), Ден на Републиката,
8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
11 октомври (петок), Ден на народното востание,
23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.
21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа