Скопјанка од тераса фрлила 900 евра за да ја спаси внуката

 


Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје, 80-годишна жена од Скопје пријави дека на 16.07.2025 била измамена од едно машко лице за сума од околу 900 евра. 

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете, кое починало и доколку не сака таа да лежи во затвор, требало да плати.

Како што е пријавено, таа парите ги фрлила преку тераса, како што претходно и кажало лицето, а подоцна сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

18.07.2025 - 13:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега