Сите гледаат во новата девојка од славниот музичар: Се вика и изгледа исто како неговата поранешна сопруга

 

Славниот музичар е во врска со нова девојка, помлада од него 29 години, а луѓето се изненадени од нејзината сличност со поранешната сопруга на која ѝ го скршил срцето.

Славниот Гевин Росдејл (55) поранешниот сопруг на Гвен Стефани моментално е во нова врска.

Станува збор за ѕвездата од мрежата „OnlyFans“, Гвен Сингер. Таа е помлада од него дури 29 години, а од неговата ќерка помлада е само шест години.

Гвен Сингер не го дели само истото име со поранешната сопруга на пејачот, туку и неверојатна физичка сличност.

Да ве потсетиме, Гевин во 2015 година се разведе од Гвен Стефани откако ја изневерил со дадилка. Гвен по разводот зборуваше колку е повредена, додека пак тој подоцна изјави дека се кае што се случило тоа.

Очигледно сега Гевин нашол достојна замена за Стефани:

„Гевин и Гвен одлично се согласуваат. Се знаат само неколку месеци, но одлично функционираат заедно. Таа е сон на многу од мажите, но Гевин е тој којшто навистина ѝ се допаѓа“, вели извор близок до парот.

Инаку, Гевин имал проблеми да ја пронајде својата нова девојка и зборувал дека му е многу тешко, особено по разводот.

„Постојано имам некои проблематични врски. Претпоставувам дека љубовта баш не ми оди како што треба. Се разведов, бев во долга врска, но не можев да го издржам тоа и не можам да најдам некој со кој би го поминал останатиот дел од животот. Не знам, можеби е тешко да се комбинира живот со самохран татко“, изјавил тој.

30.08.2021 - 19:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега