Сите двојки, трепка една 4ка по ликовно: Двојкаш кандидат за ректор на факултет
УТМ Скопје избрира нов ректор, третпат по ред. Во трката за престолот од три пријавени кандидати, се борат двајца професори. и тоа проф. д-р Беким Фетаји и проф. д-р Блерим Саити.
Но, на социјалните мрежи јавноста зовре откако почна да кружи фотографија од сведетелство од средно на еден од кандидатите и тоа проф. Блерим Саити. На сведителството од втора средно, на Саити сите му биле двојки, а имал само една четворка и тоа по ликовно образование.
Беким Фетаји е редовен професор на Факултетот за информатички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“, а Блерим Саити е редовен професор на Факултетот за социјални науки на истиот универзитет.
Кандидатот со сведетелство со сите двојки и една четворка е воздржан за коментар за медиумите, бидејќи како што кажа не сакал да влијае врз изброт на нов директор на Мајка Тереза.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа