Сиљановска Давкова: Родовата еднаквост е реална слика на општествената стварност

 

 

Да продолжиме да инвестираме во родовите статистики, да го зајакнеме меѓуинституционалниот дијалог, да изградиме систем на податоци кои не само што ќе информираат, туку и ќе трансформираат, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето на конференцијата по повод јубилејот на Државниот завод за статистика.

Како што истакна Сиљановска Давкова, родовата еднаквост не е само статистика, ниту море од бројки на хартија, туку реална слика на општествената стварност. 

-Да создадеме држава во која сите ќе бидеме свесни дека секој податок одразува нечиј живот, секоја бројка раскажува индивидуална вистинска човечка приказна, а трудот на секој човек без разлика на полот и родот треба да биде еднакво вреднуван, сечиј глас слушнат, без оглед дали е гласен или тивок, подвлече претседателката.

На овој втор ден од одбележувањето на јубилејот обраќања имаат и директорот на Државниот завод за статистика Дејан Станков, раководителка на Канцеларијата на UN Women Весна Ивановиќ-Кастаред и амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Џаин.

Државниот завод за статистика вчера со свечена академија одблежа 80 години од основањето.

03.06.2025 - 10:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега