Сиљановска-Давкова ја прими раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, Дрогрешка

 


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, Катерина Дрогрешка, која ја информираше за работата, активностите и проблемите на најстарата сеизмолошка опсерваторија во државава, основана во 1957 година.

 

Дрогрешка укажа дека опсерваторијата се наоѓа во драматична состојба заради недостиг на сеизмолошки инструменти и кадар, соочена со опасност од затворање на сеизмолошките станици добиени и користени во рамките на апликативен проект.

 

Со оглед на националното значење на Сеизмолошката опсерваторија, соговорничките ги разгледаа можностите за надминување на енормните проблеми.

 

За претседателката, стабилната и научно базирана сеизмолошка мрежа има стратешка важност во превенција, навременото информирање и заштита на населението од земјотреси. Таа ја истакна важноста за македонскиот образовен систем на едукативните програми и работилници организирани од опсерваторијата.

Обете се заложија за континуирано подигање на свеста за ризикот од земјотреси и за нужноста од институционална поддршка на научно-истражувачката и апликативната дејност во сеизмологијата.

Дрогрешка ја покани претседателката да ја посети Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет за директно да ги воочи состојбите.

22.07.2025 - 16:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега