Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на Здружението „Јас Сум Жена“, Дукоска
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Ана Дукоска, претседателка на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“.
Како што информираат од Кабинет на средбата, Дукоска ја информирала со реализираните иницијативи и истражувачки проекти на здружението, на национално и на меѓународно ниво.
Дукоска ја запознала со резултатите од интерактивните работилници и предавања од бројни експерти од земјата и од странство, истакнувајќи ја важноста на претстојната Глобална женска лидерска конференција на „Јас Сум Жена“.
Субјект на годинешната дебата ќе бидат жените во руралните средини, како и жените со нетипични професии. Во годинешната дебата учество ќе земат жени од земјава и странство меѓу кои и Кимберли Флечер, претседателка на движењето „Мајки од Америка“.
Поздравувајќи ги посветеноста и ангажманот на здружението „Јас Сум Жена", Сиљановска-Давкова ја истакнала важноста на досега преземените активности за стимулирање на активноста на жените во сите сфери на општествениот живот, вклучувајќи ја и политиката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа