Силен ветер го зафати Скопје и североистокот - достигнува брзина над 70 км на час


Во регионот на Скопје и на североистокот започна да дува засилен до силен северен до северозападен ветер, соопшти УХМР.

Овој засилен до силен ветер (и над 70 км/час) ќе се прошири особено долж Повардарието и во источните делови, а ќе продолжи да дува и особено во првиот дел од ноќта.

На северозапад има и зголемена нестабилна облачност со која има појава на пороен дожд кој брзо се преместува и наместа е проследен со ретки грмежи. Услови за нестабилност во текот на денот ќе има претежно на северот и на североистокот од земјата.

29.09.2024 - 12:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега