Силен дожд низ цела Македонија - На овие места наврна најмногу
Во Македонија утрово има поројни дождови, но за разлика од минатата недела, температурите се насекаде над нулата. Најстудено е на Попова Шапка каде се измерени 2 степени, додека најтопло е во Демир Капија каде се измерени 11 степени.
5 степени во Крива Паланка, Берово, Крушево, Маврови Анови, Лазарополе, 7 во Скопје-Петровец, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Струмица, 8 во Тетово, Претор, Виница, 9 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Велес, 10 во Штип, Гевгелија.
Најмногу дожд има во Лазарополе каде се измерени 29 l/m2, а по него и 21 l/m2 во Маврови Анови, 16 во Крушево, Попова Шапка, 12 Охрид, 10 Прилеп, Пожаране, Пожар-Радовиш, 9 Претор, Виница, Тополчани, 8 Струмица, 7 Берово, 6 Крива Паланка, Гевгелија, 5 Тетово, 4 Битола, Демир Капија, Кавадарци, 3 Скопје-Петровец, 2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Велес.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 62 до 22 степена.
Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (над 60 киометри на час). Локално ќе наврне поголема количина на дожд (над 20 литри на метар квадратен за 24 часа).
До четврток ќе дува јужен ветер, кој утре ќе биде со засилен интензитет, а од петок ќе дува од северен правец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа