Шведска: Четири лица повредени при обид за убиство

 

 

Четири лица се повредени и пренесени во болница во градот Ескилстуна во Шведска.

Инцидентот е класифициран како обид за убиство, но нема сомнеж дека станува збор за тероризам, соопшти шведската полиција.

Во нападот била искористена и бомба според изјавата на шведскиот јавен сервис СТВ.

Шведските медиуми објавија дека дел од повредените и хоспитализани лица се и ученици од локалното училиште во близина.

„Имаше некаква тепачка меѓу неколку лица. Не знаеме дали се работи за две или повеќе групи луѓе, но се работи за неколку лица. Нема информации дека тоа е поврзано со тероризам“ изјави портпаролот на полицијата.

Полицијата избегна да ја потенцира возраста и состојбата на повредените, додавајќи дека се уште нема уапсени лица.

01.06.2023 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега