Штипјанка измамена за речиси 100 илјади денари
На 06.06.2025 во 12.00 часот во СВР Штип, 40 – годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 95.000 денари.
Според пријавеното, таа стапила во контакт со лицето на социјална мрежа на почетокот на мај 2025 година и притоа се договориле да работи онлајн за странска компанија.
Како што е пријавено, таа на лицето му испратила фотографии од нејзината лична карта, здравствена легитимација и од нејзината банкарска картичка, по што во наредниот период во неколку наврати во нејзино име било аплицирано за брзи кредити во финансиски друштва, а за пристигнатите пари на нејзина сметка ѝ било кажувано дека по грешка се пуштени и на негово барање ги вадела парите и ги враќала. Исто така, според пријавеното, откако на 04.06.2025 добила телефонски повик од финансиско друштво дека има доспеана рата за кредит сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа