Штипјанец уапсен за „хакирање“ банкарска сметка: Украл речиси 100.000 денари со злоупотреба на дебитна картичка
СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Д. (36) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Во период од 11 до 18 февруари 2025, пријавениот неовластено навлегол во електронскиот систем на трансакциската сметка на С.Д., при што ги прибавил и употребил податоците од дебитна картичка и извршил 14 успешни трансакции на шест продажни места и на банкомати на повеќе локации во Штип, со што се стекнал со противправна имотна корист со вкупен износ од 98.840 денари.
30.05.2025 - 14:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа