Штипјанец фалсификувал документи за илегални огномети

 


СВР Штип поднел кривична пријава против А.Ф.(57) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Во седум наврати во текот на 2023, 2024 и 2025 година, пријавениот противзаконски изведувал огномети на подрачјето на Штип.

Имено, тој до СВР Штип доставувал известувања за огнометите на кои се потпишувал и употребувал печати од две правни лица од Штип, во кои претходно бил управител, а кои биле избришани од Централниот регистар во 2016, односно во 2018 година. 

19.05.2025 - 16:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега