Шпанците на нозе: Сите се подготвуваат за Хермини
Силното невреме кое од недела ќе ја зафати Шпанија ќе го носи името Хермини, соопшти Државната метеоролошка агенција (АЕМЕТ). Во соопштението се прецизира дека невремето ќе донесе обилни врнежи и многу силни налети на ветер во широки области на Пиринејскиот Полуостров, пренесе агенцијата ЕФЕ.
Дождовите ќе се прошират од Галиција кон северозападната половина на полуостровот, со можност за понатамошен напредок низ останатиот дел од земјата, иако не се очекуваат ниту на брегот на Средоземното Море, ниту на Балеарските Острови.
24.01.2025 - 17:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа