Шилегов: Град Скопје ја доби „битката“ на суд – продолжува уривањето на галијата во Вардар

 

Град Скопје ќе продолжи да урива една од трите галии поставени во реката Вардар, вели во интервју за ТВ21, градоначалникот Петре Шилегов.

-Започнавме постапка, па дојде една мерка од Судот, но поднесовме жалба која ја уважија и се надевам дека наскоро ќе дислоцираме една од трите галии, рече Шилегов

Тој потенцира дека институциите треба да бидат поагилни, односно одлуките да се носат побрзо.

 

09.06.2021 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега