Шамбевски: Присуството и обраќањето на CPAC, победа на Мицкоски и Македонија
Најголемата победа не е кога ќе ги замолчиш оние што се сомневаат, туку кога ќе докажеш колку биле во заблуда и злобни.
Ова го има кажано Линколн ама причината зошто го цитирам е бидејќи многу ми е прикладно за моментов во кој се донесоа експертиве и освестеното ни граџанство сакајќи малициозно да го омаловажат присуството на Мицкоски на СРАС велејќи дека само се шетал и дека немало да зборува на настанот итн итн, коментира на социјалната мрежа на Фејсбук поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски.
-Епа сакам директно да им се обратам… дечки имено баш заради таа ваша злоба од која очигледно сте заслепени и се гушите во неа, баш заради таа ваша малициозност, самото присуство и зборување на СРАС кое ќе беше носомнено победа на Мицкоски, но и за Македонија, го претворивте, заслужено, во негов триумф! Така што… само вие продолжете си вака, а владата нека тера како што тргнаа!, пишува во својата објава амбасадорот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа