Серија апсења во Скопје и Битола - меѓу приведените и малолетници
Полиџијата во текот на вчерашниот ден привела вкупно 12 луѓе, главно за поседување марихуана, но еден и поради носеше нож.
-Во Центар во Скопје во 02:00 часот приведен е 24-годишниот И.Д. Од Тетово поради поседување марихуана.
-Во Карпош во Скопје во 00:40 приведен е 25-годишниот А.В. Од Скопје поради поседување марихуана.
-Во Ѓорче во Скопје во 01:50 приведен е 30-годишниот В.З. Од Скопје поради поседување марихуана.
-Во Инџиково во 21:50 приведен е 31-годишниот М.Т. Поради поседување марихуана.
-Во Центар во Скопје во 22:50 приведени се 20-годишниот К.А. И 28-годишниот М.М. Од Скопје поради поседување марихуана.
-Во Центар приведен е малолетник во 20:30 поради поседување марихуана и дробилка.
-Во 20:45 во Карпош приведен е 26-годишниот Б.К. Поради поседување марихуана.
-Во 22:25 во Карпош приведен е 34-годишниот М.М. Поради поседување марихуана.
-Во 22:30 во Чаир приведен е 31-годишниот Е.С. Од Скопје поради поседување нож.
-Во 21:10 во паркот во близина на ОУ „Стив Наумов“ во Битола приведени се двајца малолетници поради поседување марихуана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа